Во Охрид ќе се уриваат и други дивоградби кои се под ингеренции на општината
Foto

Во Охрид ќе се уриваат и други дивоградби кои се под ингеренции на општината

После плажите во наредниот период ќе се рушат и другите дивоградби во Охрид, пицеријата кај чинарот, бетонската база покрај езеро, во националниот парк Галичица.
 
Ќе се рушат и сите други нелегални градби позиционирани во ризичните Унескови зони кои притоа високо котираат на списокот за отстранување, а се под ингеренции на општината вели охридскиот градоначалник Георгиевски.
 
Урбанизација како досегашната на крајбрежјето веќе нема да има, Унеско притиска на препораките, а законот е јасен и треба да се спроведе без разлика дали во ек на сезона или не додава Георгиевски.
 
Инаку рушењето во Охрид на плажите тече во континуитет. Се отстрануваат платформи, зидови, шанкови, а на веќе урнатите локации почна уредувањето. Екс концесионерите кај кои што веќе поминаа багерите повторно изразуваат револт кон општината и кон целата акција која се одвива среде летна сезона.
 
Акцијата на уривање денеска ја поздрави и амбасадорот Жбогар и порача дека истата од Охрид треба без проблеми да продолжи и кон Струга без да има отпор од тамошното население, иако локалната власт од оваа општина засега сеуште се држи на ставот дека нема да урива.

0 Коментари

Остави коментари