Во Охрид доделување на признанието „Инженерски прстен 2025“

Во Охрид денеска на свечена церемонија ќе им биде доделено признанието „Инженерски прстен 2025“ на 14 млади инженери од различни области. 

Признанието ќе го врачи претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, а свеченоста ќе се одржи на платото пред црквата „Свети Климент и Пантелејмон“ – Плаошник во Охрид.

Признанието им се доделува на најуспешните студенти кои дипломирале на факултетите што негуваат инженерски дисциплини на четирите државни универзитети. 

Манифестацијата се одржува по 22. пат, а е во организација на Инженерската институција на Македонија и на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, под покровителство на претседателот на државата.