Во најава законски измени за донирање органи со лична одлука

Секој граѓанин сам да одлучи дали сака да ги донира органите – здравствените власти подготвуваат законски измени по теркот на европските земји при што секој ќе има донорска картичка..... Сега во Македонија последниот збор го има семејството на починатиот. 

Проф. Д-р Билјана Кузмановска – Национална координаторка за трансплантација 

„Покрај она што сега стои во законот за трансплантација дека сите сме потенцијални донори тоа е т.н. претпоставена согласност би дозволиле и донорска картичка односно регистар на донори па кога ќе дојдеме во ситуација да разговараме со семејеството сепак волјата на починатиот да биде таа што ќе доминира, а не волјата на други луѓе“.

Освен тоа се планираат и законски измени во делот на намалување на административните процедури за вршење на трансплантацијата, но исто така се проширува и листата - кој може да биде донор. 

Азир Алиу – Министер за здравство

„Исто така зголемуваме кој може да биде донор - според барањата на стручњаците може да се оди едно ниво плус на таа линија на сродна и семејна врска, мислам дека законот до крајот на април ќе биде веќе завршен како процедура и во Парламент и ќе биде изгласан“.... 

Органодарителството според лекарите периодов стагнира. Само од почетокот на годинава имало шест потенцијални донатори на органи, но немало согласност од семјеството. 

Додека листата на согласности се намалува, расте бројката на пациенти кои чекаат за трансплантација. 

Од клниката за нефрологија велат дека во моментов стотина пациенти се на листата на чекање за пресадување на бубрег. 

Д-р Никола Ѓорѓиевски – Директор на УК за нефрологија 07491 / 09.02-09.19 / 10.12-10.31

„Трансплантацијата навистина претставува бенефит и корист за целокупното општество, ако се споредиме со европските земји ќе видиме дека таму бројот на пациенти со трансплантација е 50-60% во Македонија бројот на трансплантирани од вкупниот број е само 13-14%. Во Македонија ако има и десет и дваест кадаверични трансплантации ние сме спремни да ги направиме, немаме некое ограничување, само потребно е да се зголеми свеста кај фамилиите дека помагаме на тие луѓе, но и на самите себе и на целокупното општество“...

На одбележувањето на Светскиот ден на бубрегот - здравствените власти акцентот го ставаат токму на органодарителството со порака дека тоа е највисокиот чин на солидарност, а само еден донор може да спаси и до осум животи....