Во најава поскапување на комуналиите - ЈП бараат помош од државата

Или владини субвенции или повисоки сметки за граѓаните, децидни се комуналните претпријатија од емјава кои тврдат веќе се на раб на издржливост - неколку години цените на услугите кои ги даваат се исти, а трошоците им растат.

Евентуалното покачување на сметките за вода и за ѓубре ќе биде нов шок за граѓаните, кои од јулим плаќаат и повисокии сметки за струја.

Се жалат дека сметките за струја драстично им се покачиле. Па така скопски Водовод со новиот договор за струја, од септември ќе плака над половина милион евра за струја, или пет пати повеќе од сега.

Трошоците за комунални услуги за граѓаните во последните три години се зголемени за речиси 1.400 денари. Синдикалната потрошувачка кошничка покажува дека во јуни 2020 година на едно четиричлено домаќинство им биле потребни околу 10.400 денари. Додека пак во јуни годинава, им биле потребни 11.800 денари.

ССМ

 

ЈУНИ 2020

ДОМУВАЊЕ 10.422

 

ЈУНИ 2021

ДОМУВАЊЕ 10.800

 

ЈУНИ 2022

ДОМУВАЊЕ 11.801

Според граѓаните тешко е да се издржи било какво зголемување на цените на комуналните услуги со оглед на тоа дека има многу ниски плати и пензии. Здружението АДКОМ постои обединува 90 јавни комунални претпријатија даватели на комунални услуги на територијата на целата држава.