Во мобилната телефонија 1 941 352 претплатници, 425.646 фиксни линии

Бројот на активни претплатници во мобилна телефонија  во четвртиот квартал лани изнесувал 1.941.352. Од нив резиденцијални припејд претплатници се 780.098, а постпејд 912.660, додека деловни постпејд  се 248.595, покажуваа најновите податоци на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК).

Пристап до интернет со широк и тесен опсег преку мобилна  мрежа во четвртиот квартал лани имале 1.416.911 претплатници.

 

Најголем удел во вкупниот број претплатници има Македонски телеком со 48, 2 проценти, по што следи А1 Македонија со 48,04, па Лајкамојал со 2,53 проценти, Роби со 1,21 процент и Грин мобиле со 0,02 проценти. Најголем удел од приходи, пак, има А1 Македонија со 49,37 проценти, пред Македонски телеком со 47,55 проценти.

Според извештајот на АЕК, во последниот квартал лани се реализирани вкупно 1.485.329.432 минути сообраќај.  Остварени се 4.400.712 минути сообраќај  од претплатници на домашен оператор кои роамирале надвор од државата.

 

Вкупниот број на фиксни линии (сите технологии) во последниот квартал лани изнесува  425.646, а остварени се 30.860.048 минути сообраќај. Најголем удел во бројот на претплатници има Македонски телеком со 52,62 проценти, по што следи А1 Македонија со 40,85 проценти, па Роби со 4,38 и Неотел со 2, 14 проценти.