Во Митровица нов протест поради политиката на Александар Вучиќ
Граѓанската иницијатива Српски опстанок организира протест во северниот дел на Митровица поради како што велат катастрофалната преговарачка политика на српскиот претседател Александар Вучиќ и безусловното прифаќање на новиот договор за Косово.
Протестот, како што се наведува во соопштението, ќе биде организиран и поради честите етнички напади врз Србите, узурпацијата на приватниот имот на Србите и присуството на моноетнички специјални единици на косовската полиција.