Во март - пораст на трошоците за живот
Foto

Во март - пораст на трошоците за живот

Живеачката станува поскапа. Во март годинава во споредба со истиот месец лани трошоците на живот се зголемени за 2,1 отсто додека цените на мало за 2,6 проценти.

Најголем раст од 4,3 отсто има кај алкохолот и тутунот, трошоците за живот за домување, вода, струја се зголемени за 4,5 проценти додека кај храната за 1,7 отсто. Трошоците на живот за здравствена заштита бележат раст од 2,5 отсто.

Цените на мало во март во споредба со истиот месец лани најмногу се зголемени на непрехранбените и индустриските производи како и кај услугите.

0 Коментари

Остави коментари