Во Македонија ревакцинирани се 206.163 граѓани
Foto

Во Македонија ревакцинирани се 206.163 граѓани

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 458.040 граѓани. 

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 281.847 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 3.263 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 5.407 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 488.010 дози вакцини, а ревакцинирани се 206.163 граѓани.  

Со последните бројки 51% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина,  45% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 38% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

0 Коментари

Остави коментари