Во Македонија нови 24 заразени со коронавирус - вкупната бројка е 201
Foto

Во Македонија нови 24 заразени со коронавирус - вкупната бројка е 201

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани  24 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје (15), Куманово (4), Дебар (2), Охрид (1), Штип (1), Тетово (1). Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 201 лица.

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:

- Скопје (123)

- Дебар (43) од кои 2 починати

- Куманово (15) од кои 1 починат

- Штип (8)

- Велес (3)

- Охрид (3)

- Кавадарци (2)

- Прилеп (2)

- Гостивар (1)

- Тетово (1)

Од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се испишани 2 пациенти кои на два контролни теста на Ковид-19 имаа негативен резултат. Пациентите се во добра здравствена состојба и се пуштени на домашно лекување. Со ова во земјата досега има 3 излекувани пациенти и 3 починати.

0 Коментари

Остави коментари