Во Лондон судир меѓу полиција и демонстранти, најмалку 32 уапсени
Foto

Во Лондон судир меѓу полиција и демонстранти, најмалку 32 уапсени

Полицијата во Лондон синоќа се судри со демонстранти кои протестираа против рестриктивните мерки за спречување на ширењето на коронавирусот, по што беа уапсени 32 лица.

Протестот беше предизвикан од изјавата на британскиот премиер Борис Џонсон дека размислува дали повторно да се воведат одредени мерки низ цела Англија.

На протестот на плоштадот Трафалгар се собраа повеќе од 1.000 луѓе, а немирите избувнаа кога полицијата се обиде да ги растера демонстрантите.

Демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше „Слобода – не страв“ и „Измама“ а кон полицијата извикуваа „Избери страна“.

0 Коментари

Остави коментари