Во Либија почна вакцинација на населението, во тек е дезинфекција на Дерна

По големиот број случаи на труење и појава на дијареа по поплавите во Либија, во земјата започна вакцинација на населението, а во тек е дезинфекција на градот Дерна најпогоден од поплавите.

Либиската „Црвена полумесечина“ досега потврди за 11.300 смртни случаи, но застрашувачка е бројката на исчезнати, се проценува дека изнесува повеќе од 10.000, а уште 30.000 се раселени.

Спасувачките тимови и натаму прекопуваат по калта и урнатите куќи и згради во потрага по преживеани. Главниот обвинител на Либија, пак, најави истрага за причините за уривањето на браните кои се изградени во 70-тите години од минатиот век.