Во Кривичен пресуда против три лица за дивите депонии во Вардариште
Во кривичниот суд Мајсут Мемиши, Алмир Асани и Флорин Арифи, ќе ја чујат пресудата за дивите депонии во Вардариште. Тие се обвинети за создавање диви депонии на улицата „Зендел Џемаил“ во населбата Вардариште. На претходното рочиште ја признаа вината за кривичното дело „загрозување на животната средина и природата со отпад“.
Според обвинението, тие од 2020 до септември 2025 година нелегално откупувале старо железо и друг отпад без дозвола, при што непрописно го складирале и транспортирале отпадот, создавајќи диви депонии.Нивната одбрана, смета дека нема докази дека пожарите на депонијата биле на местото каде што бил фрлан отпадот на обвинетите.
Пожарот што избувна на дел од локацијата дополнително го привлече вниманието на надлежните институции. Во меѓувреме граѓаните на аеродром секојдневно протестираат за затворање на депонијата и институционално решение.
За делото што им се става на товар на обвинетите предвидената казна затвор е од три месеци до три години.

