Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 55 пациенти, а вкупно се лекуваaт 428 болни, сомнителни и потврдени за КОВИД -19
Foto

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 55 пациенти, а вкупно се лекуваaт 428 болни, сомнителни и потврдени за КОВИД -19

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 55 нови пациент поради компликации од корона вирусот. Вкупно 428 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Поради зголемениот број на пациенти кои имаат потреба од хоспитализација, отворени се и ковид центрите на Клиниката на нефрологија, Клиниката за Гастроентерохепатологија, Клиниката за Очни болести и ковид центарот на Клиниката за уво нос и грло.

Во последното деноноќие, на Интерните клиники имало 36 приеми. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 8 примени пациенти и 3 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 8 пациенти. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 19 оздравени пациенти. Во моментов во ковид центрите на Интерните клиники се лекуваат 192 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 76 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежи 129 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 25 пациенти. На ГАК има 6 хоспитализирани ковид позитивни пациентки.

Вкупно 428 пациенти потврдени и сомнителени за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот имало 50 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

0 Коментари

Остави коментари