Во координирана акција на ЦУК и МВР, кај Матка успешно пронајден изгубен романски државјанин

 Романски државјанин синоќа бил успешно пронајден во кањонот Матка, откако побарал помош преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112. Лицето се изгубило при самостојно движење во реонот на Матка, во близина на пештерата Врело, на подрачјето на Општина Сарај.

Веднаш по приемот на пријавата, Центарот за управување со кризи (ЦУК( ги презел сите неопходни активности и ги известил Министерството за внатрешни работи (ЦИК Скопје), Дирекцијата за заштита и спасување и Црвениот крст на Република Северна Македонија, со барање за нивно вклучување во потрагата.

– Преку континуирана комуникација со изгубеното лице, операторите на ЦУК успеаја да ја утврдат неговата приближна локација врз основа на координатите и податоците од повикот на 112, по што тие беа доставени до ЦИК при МВР за полесно и побрзо лоцирање. На лицето му беше дадена јасна инструкција да не се движи од местото каде што се наоѓа, бидејќи поради ноќта, непристапниот терен и дезориентацијата, тоа претставувало најбезбедна опција и воедно овозможувало полесно спроведување на потрагата – информираат од ЦУК