Во Хрватска прв случај на Флурон
Foto

Во Хрватска прв случај на Флурон

Јасмина Вранеш, раководител на Службата за клиничка микробиологија на Наставниот институт за јавно здравје „Д-р Андрија Штампар“ во Загреб, изјави дека првиот случај на флурон е потврден во Хрватска - кога едно лице било заразено и со коронавирус и со грип.

„Вчера ги откривме двата вируса кај пациентот. Вирусот на грип и корона вирусот. Не е непознато дека е можно да се заразиме со неколку патогени одеднаш.Треба да видиме каква ќе биде клиничката слика за луѓето кои ги имаат двата вируса одеднаш“, рече Вранешева.

0 Коментари

Остави коментари