Во Хаг продолжува сослушувањето на Хашим Тачи
Foto

Во Хаг продолжува сослушувањето на Хашим Тачи

Денеска продолжува сослушувањето на претседателот на Косово, Хашим Тачи кој вчера шест часа беше испрашуван од меѓународните обвинители за воени злосторства.

Тој потоа изјави дека цело време слушал само технички прашања кои му ги поставувале обвинителите и неговиот правен застапник.

Специјален меѓународен суд го обвини Тачи и други поранешни борци за наводни воени злосторства од страна на ОВК, вклучувајќи убиства, киднапирање и тортура. Тачи најави оставка ако се потврди обвинението.

0 Коментари

Остави коментари