Во Кавадарци денес мирно, по синоќешната блокада на Тиквеш
Foto

Во Кавадарци денес мирно, по синоќешната блокада на Тиквеш

Лозарите од кавадаречкиот регион со иста проблематика речиси секоја година. Откупната цена која на дел од лозарите им била понудена од 8 денари по килограм, околу 500 лозари ги довело во ситуација да го истурат пред најголемата винарија Тиквеш грозјето од околу 20 тони.

Велат нема да дозволат да си поигруваат со чесно заработеното парче леб некој да им одзема од вредноста која како лозари ја имаат. Дане Јошев, лозар и претседател на регионалното Здружение Тиквешки лозароовоштари гневен од како што вели манипулацијата од страна на винаријата Тиквеш побара да прекинат како што вели со манипулациите со шеќерните единици кои се бараат при откупот на грозјето. 

Додека лозарите тврдат дека се измамени со откупната цена од винаријата Тиквеш го тврдат спротивното, проблемот го лоцираат во неколкумина поединци кои манипулираат со квалитетот на грозјето. 

Денеска, откупот на грозјето се одвиваше без тензии, на влесот сондата го регистрираше шеќерот на грозјето по што винаријата се полнеше со квалитетно грозје. Во меѓу време, лозарите на средба со локалната власт договорија дека до вторник ќе чекаат Владата да се произнесе со гарантирана цена на грозјето на лозарите од страна на сите откупувачи, во спротивно лозарите се заканија доколку не бидат испочитувани ќе следи протест пред Влада.

0 Коментари

Остави коментари