Во карантин македонски државјани кои се вратиле од Авганистан, дел од нив се позитивни на Ковид-19
Foto

Во карантин македонски државјани кои се вратиле од Авганистан, дел од нив се позитивни на Ковид-19

Македонски државјани, околу 60, кои пристигнале од Авганистан се сместени во карантин бидејќи меѓу нив имало позитивни лица на Ковид 19, потврдија од Министерството за здравство.

– Македонски државјани се пристигнати од Авганистан. По добиени информации дел од нив се позитивни. Поради безбедност на граѓаните, во консултација со Комисијата за заразни болести и Државниот санитарен и здравствен инспекторат, вечерва ќе бидат во карантин, а утре епидемиолог ќе одлучи што понатаму, наведоа од Министерството за здравство. 

Во хотелот во Скопје каде што се сместени повратниците ситуацијатата стана тензична бидејќи припадниците на безбедносните служби ги чуваат двата автобуси, а пристигнале и семејствата на повратниците од африканската земја. 

Членови на нивните семејства информираат дека сите биле тестирани во американска база во Авганистан и резултатите им се негативни, а сите оние кои имале позитивни тестови, останале во Авганистан. Не им било дозволено да патуваат назад во Македонија.

0 Коментари

Остави коментари