Во Јордан сменети двајца министри - вечерале во ресторан со повеќе лица
Foto

Во Јордан сменети двајца министри - вечерале во ресторан со повеќе лица

Јорданските министри за внатрешни работи и за правда денеска се отпуштени поради кршење на здравствените прописи кои спречуваат ширење на коронавирусот.

„Премиерот Бишер ал-Хасавне побара да си поднесат оставка, што веднаш го поддржа кралот Абдула Втори, се вели во соопштението од кралската палата.

Како што објави „Гардијан“, тие се обвинети за кршење на законот за вонредни ситуации, донесен за борба против Ковид-19.

Јорданската веб-страница „Амон“ објави дека министерот за внатрешни работи Самир Мобаиден и министерот за правда Басам Талхуни присуствувале на вечера во ресторан во Аман каде се собрале девет лица, а законот дозволува да се соберат најмногу шест лица.

0 Коментари

Остави коментари