Во Јапонија повеќе од 450.000 домови без електрична енергија поради тајфунот Факсаи
Foto

Во Јапонија повеќе од 450.000 домови без електрична енергија поради тајфунот Факсаи

Најмалку две лица загинаа, а над 450.000 домови во јапонскиот округ Чиба и понатаму се без електрична енергија поради силниот тајфун Факсаи.

Силниот тајфун предизвика и високи температури на воздухот и во прекин е снабдувањето со вода поради што десетина луѓе побарале лекарска помош.

Факсаи, со брзина на ветерот од 215 километри на час, се смета за еден од најсините тајфуни кои го погодија источниот дел на Јапонија. Покрај недостигот на струја и вода во прекин е и сообраќајната мрежа во градските средини.

Тајфунот ги уништи и оризовите полиња и овоштарниците.

0 Коментари

Остави коментари