Во јануари треба да биде избран новиот состав на ДИК

По новогодишните и божикните празници истекува мандатот на ДИК, што значи дека ќе треба да се активира изборниот законик за избор на новиот состав кој пак ќе треба да ги организира локалните избори следната година. 

Според законот Собранието е тоа кое треба да го распише огласот за избор на претседател и членови на државната изборна комисија. Огласот трае 8 дена а потоа комисијата за избори и именувања прави листа од пријавените кандидати. Со овој список партиите ги предлагаат фаворитите.

Опозицијата прдлага претседател и двајца членови, а власта потпретседател и тројца членови.  Составот на ДИК се бира со 2/3 мнозинство во собранието. Од кабинетот на претседателот на Собранието велат дека роковите ќе бидат испочитувани и процедурата ќе бие запазена така што по истекот на мандатот на актуелниот состав на ДИК ќе почне собраниската процедура.

Сепак, конкретен датум не даваат ниту од Комисијата за избори и именувања ниту пак е закажана седницата на оваа комисија за сега. Партиите се уште не откриваат кои се нивните кандидати за членови на  ова тело, а свое место во ДИК ќе треба да добие и Коалицијата на Алијансата за албанците и Алтернатива. 

Во краток разговор за ТВ 24 велат дека е рано да се говори за нивните кандидати но остануваат на ставот дека и до сега требале да имаат член во комисијата. Останува отворено прашањето дали и Левица ќе бараат свој член во ДИК со оглед на тоа што во собранието имаат двајца пратеници.

Очекувањата и на власта и на опозицијата се дека во јануари ќе биде избран новиот мсостав на ДИК. Актуелниот состав пак беше избран летото 2018 со долги политички преговори, а мандатот кој требаше да му истече ова лето беше продолжен за толку време колку што траеше и вонредната состојба.

Огласот трае 8 дена, а потоа Комисијата за прашања и именувања изготвува листа од кандидатите кои се пријавиле. Од овој список партиите треба да ги предложат своите фаворити и тоа опозицијата предлага претседател и двајца членови, додека пак, власта потпретседател и тројца членови.

Составот на ДИК се избира со 2/3 мнозинство од вкупниот број на пратеници.