Во Италија запленети над 4,5 тони дрога, уапсени Албанци и Италијанци
Foto

Во Италија запленети над 4,5 тони дрога, уапсени Албанци и Италијанци

Во полициска акција на италијанската полиција, запленети се 4,5 тони марихуана, 36 килограми кокаин, 62 килограми хашиш и 4 литри масло од хашиш,чија вредност на пазарот достигнува вредност од 8 милиони евра.

Повикувајќи се на италијанските власти,Топ чанел, наведува дека за време на акцијата во која учествувале 100 полицајци, уапсени се 5 Албанци и 9 Италијанци.

-Меѓу уапсените е и шефот на крминалната група кој успеал да формира високо интелигентна мрежа на шверцеси. Групата поседувала брзи чамци кои натоварени испловувале од Драч и впловувале на италјанското крајбврежје. Седиштето на групата било во една гаража во Торино,сопственост на еден од уапсените Албанци,наведува телевизијата.

Кримналната група дрогата освен од Албанија ја шверцувала и од Јужна Америка, а главно била наменета за пазарот во Торино. Еден од уапсените исто така е обвинет за проституција.

Италјанската полиција објавила и шема за тоа како дрогата прстигнувала од Јужна Америка во Холандија а потоа во Торино,Италијa.

0 Коментари

Остави коментари