Во Италија состојбата се влошува, од ковид-19 во еден ден починале 822 луѓе
Foto

Во Италија состојбата се влошува, од ковид-19 во еден ден починале 822 луѓе

Во Италија, во четвртокот беа потврдени 822 смртни случаи поврзани со коронавирусот, што го врати дневниот број на смртни случаи близу нивото од крајот на март, кога земјата беше епицентар на пандемија во Европа.

Според последните податоци на италијанското Министерство за здравство, во изминатите 24 часа биле регистрирани 29 003 нови случаи на ковид-19, што е за 12 проценти повеќе од претходниот ден. Така, вкупниот број на случаи од почетокот на пандемијата достигна 1 509 875.

Бројот на смртни случаи од компликации со коронавирусот се искачи на 52 850, што е втор по големина во Европа, по Велика Британија и шести во светот.

Италијанската влада сега размислува за нови мерки за божиќните празници, за да овозможи истовремено да се прослави празникот, но без ризик од ново ширење на коронавирусот.

Италијанскиот премиер Џузепе Конте веќе објави дека скијачките центри ќе останат затворени за време на празниците и ги повика соседните земји да го сторат истото за да дејствува на координиран начин и да се избегне ново ширење на заразата.

Владата се очекува да одобри нова регулатива на почетокот на декември, со што ќе се олеснат рестриктивните мерки поврзани со трговијата и другите деловни активности.

0 Коментари

Остави коментари