Во исчекување нова одлука на Регулаторната комисија за енергетика за малопродажните цени на горивата
Во исчекување нова одлука на Регулаторната комисија за енергетика за малопродажните цени на горивата.
Засега важи ценовникот што стапи на сила на 10 март, според кој Еуросупер БС-95 се продава по 79,5 денари за литар, БС-98 по 81,5 денари, Еуродизелот по 85,5 денари, а екстра лесното масло по 82,5 денари.
Очекувањата за нова корекција не доаѓаат случајно. По последната измена на правилникот, одлуката за утврдување на највисоките малопродажни цени е предмет на одлучување на седница, а во јавноста веќе се најавува дека следната пресметка треба да биде позната токму денеска.
Дополнителен притисок врз домашниот ценовник доаѓа од светските пазари. Нафтата минатата недела повторно се искачи над 100 долари за барел, а аналитичарите предупредуваат дека ризиците за снабдувањето остануваат високи поради конфликтот на Блискиот Исток и нарушувањата околу Ормускиот Теснец.

