Во Ирак уапсен новиот лидер на ИД
Foto

Во Ирак уапсен новиот лидер на ИД

Ирачките безбедносни служби соопштија дека го уапсиле „заменикот“ ликвидираниот лидер на терористичката група Исламска држава.

Ирачката полиција соопшти дека во селото Хавиџа провинцијата Киркук го привела бунтовникот Абу Халдун, кој имал фалсификуван пасош на име Шалан Убејд.

Во соопштението на полицијата се наведува дека уапсениот Халдун бил „воен емир“ во провинцијата Салах ал Дин.

Во октомври американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека при операција на американските специјални сили во провинцијата Идлиб во Сирија убиен е лидерот на ИД, Абу Бакр ал Багдади. Тогаш Трамп им се заблагодари за помошта при операцијата на Русија, Турција, Сирија и Ирак.

0 Коментари

Остави коментари