Во Индија над 45.000 нови позитивни и над 500 смртни случаи
Во Индија, во последните 24 часа се потврдени 45.209 нови случаи на коронавирус.
Најмалку три индиски држави – Раџастан, Маѓиа Прадеш и Гуџарат – воведоа ноќен полициски час во многу градови. Вкупниот број на заразени лица во Индија е близу 9,1 милиони, а земјата е втора во светот според бројот на потврдени случаи на коронавирус, по САД.
Министерството за здравство на Индија објави дека уште 501 лице починало од вирусот, а вкупниот број на смртни случаи од почетокот на пандемијата достигна 133.227 лица.
Иако се чини дека бројот на новозаразени лица расте побавно, експертите предупредуваат дека официјалните податоци можат да дадат лажна слика затоа што многу случаи на инфекција не се откриени.