Во Грција 103 починати и 1.498 нови случаи на Ковид-19

Во изминатите 24 часа во Грција починаа 103 лица од Ковид-19, а намален е бројот на нови случаи во споредба со изминатите денови, односно регистрирани се 1.498 новозаразени.

Од новите случаи 305 се во Солун, 218 во областа Атика, поширокиот регион на Атина.

Во грчките болници, приклучени на апарати се 540 пациенти, односно 18 повеќе од вчера.

Од почетокот на епидемијата, во Грција се регистрирани вкупно 91.619 лица заразени со коронавирусот, а починаа 1.630 лица.