Во голем број држави од ЕУ се одржуваат избори за ЕП, резултатите околу полноќ

Во поголемиот дел држави од Европската Унија денеска се одржуваат избори за Европскиот парламент.

За пратеници во Европскиот парламент денеска гласаат Хрватска, Германија, Фарнција, Австрија, Полска, Шведска, Финска, Данска, Бугарија, Романија, Италија, Словенија, Грција, Белгија, Луксембург, Шпанија, Португалија, Естонија, Литванија и Унгарија.

Европските избори веќе се одржаа во четвртокот во Холандија и Велика Британија, во петокот во Ирска и Чешка, а вчера во Летонија, Малта и Словачка.

Резултатите ќе бидат објавени вечерва, по затворањето на сите гласачки места.

Европскиот парламент ќе има 751 пратеник.