Во Германија запленети 300 килограми кокаин скриен во гајби со банани

Германската полиција и царинските служби запленија околу 300 килограми кокаин, пронајден во гајби со банани на големопродажен пазар во градот Нирнберг, во јужна Германија, јавија германските медиуми.

Според информациите на Баварската криминалистичка служба, вредноста на запленетата дрога на црниот пазар се проценува на околу 20 милиони евра.

Случајот бил откриен во понеделникот, на 2 ноември, откако од пазарот ја известиле полицијата за обид за провала. При проверката на стоката, која била подготвена за испорака до продавниците, еден вработен забележал дека една од гајбите со банани е невообичаено тешка.