Во Галичник се одржа уште едно издание на традиционалната Галичка свадба
Звукот на зурлите и тапаните уште еднаш се разлеаа низ Мијачијата. Во Галичник се одржа уште едно издание на традиционалната Галичка свадба. Се играше, пееше, се уживаше во спојот со минатото, им се честиташе на младенците со желби до година да добијат потомство и со надеж дека и наредната година сите здрави и живи да ја дочекаме Галичката свадба.