Во Франција задолжителна вакцинација за здравствените работници
Foto

Во Франција задолжителна вакцинација за здравствените работници

Здравствените работници во франција кои не се вакцинирани против коронавирусот, од денеска ќе биде суспендирани од работа. Околу 30 илјади медицинари се’ уште не се вакцинирани, а во некои болници би можело да дојде до недостиг на работна сила поради суспензиите.

Во Франција вакцинацијата е задолжителна за медицинските работници, како и за вработените во итните служби. Францускиoт синдикат на јавниот сектор предупреди на „здравствена катастрофа“ доколку владата суспендира голем број здравствени работници и им забрани на лекарите од приватниот сектор да работат. 

Во Холндија пак сликата е поинаква. Земјата ќе ги олесни мерките против пандемијата и најави ковид-пропусници како доказ за вакцинација, за влез во кафулиња, ресторани, клубови. Повеќето мерки за социјална дистанца во Холандија ќе бидат укинати на 25-ти септември. 

И покрај сите критики, Шведска се уште ги има најслабите епидемиолошки мерки против коронавирус. Земјата е полна со туристи, се работи и функционира нормално, учениците одат на училиште и сето тоа без речиси никакви ограничувања. И додека Европа има рекорден број на заразени и починати во Шведска е земја со  нула починати од ковид 19. 

Според последните податоци, близу 8000 новозаразени со коронавирус се регистрирани во Србија.

Во Црна Гора во трговски центри и ноќни клубови само со ковид потврда. од 1 октомври, здравствените работници во Хрватска ќе мора да имаат ковид-сертификат за доаѓање на работа.

0 Коментари

Остави коментари