Во Европа на секои две минути исчезнува по едно дете

Невладината организација „Исчезнати деца во Европа“ по повод 25 мај Меѓународен ден на исчезнатите деца соопшти дека во Европа годишно исчезнуваат 250.000 деца, што е еквивалент дека на секои две минути исчезнува по едно дете.

Според статистиката за 2022 година, 337 деца го напуштиле семејниот дом, од кои 283 деца биле над 14 години. Од институции избегале 1.198 деца, а најголем број се момчињата на возраст над 14 години.