Во ек на политичка промена на власта во Македонија, утре во Скопје пристигнува шефот на грчката дипломатија Герапетритис

Шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис се премисли, утре доаѓа во Скопје. Во ек на заострената реторика со официјална Атина, грчкиот МНР Герапетритис во последен момент одлучи дека ќе учествува на Самитот и  Министерскиот состанок, во рамките на Процесот за соработка на Југоисточна Европа, кој ќе се оддржи во Скопје. Според информации на ТВ 24, шефот на грчката дипломатија  во Скопје ќе остане само 2 часа,  во друштво ќе биде со  грчката заменик министерка Александра Пападопулу, која пак ќе остане два дена во Скопје. 

Министерот за надворешни работи Османи утре очекува средба со грчката делегација и дека на масата ќе се отвори темата – имплементација на Преспанскиот договор од двете страни. Во предворје не утрешната средба Османи вели дека употребата на придавката македонска од официјалните власти , меѓу кои и претседателката Сиљановска, дава етничка конотација на функцијата. 

– Согласно Преспанскиот договор, придавката македонски може да се користи само во етнички контекст, не во државен. Значи се што е македонски, се однесува на македонската етничка заедница. И отука, мислам дека треба да се почитуваат тие одредби, бидејки отвораат нови прашања. Исто е и по однос на името на државата. И мислам дека најкоректниот однос е да се каже: Ние можеби имавме разлики, но тоа е реалност. Ако имаат начин да ја смена реалноста, нека повелат, тоа е демократски процес. Но додека не ја сменат реалноста, таа треба да се почитува, вели Османи. 

Мандатарот и лидер на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, порача дека имплементацијата на Преспанскиот Договор е двонасочна улица. Најави документ, за спроведувањето на Договорот од Преспа од двете страни. Според информациите, овој документ нема да биде јавно објавен, туку ќе биде дипломатски нон-пејпер или тн џокер во ракавот на идната макеоднска власт во средбите со меѓународните партнери. 

– Ние креиравме еден документ, колку е имплментирано од наша, а колку од грчка страна и планираме да го запознаеме и планираме да го запознаеме секој оној кој што е љубопитен, да знаат колку двете страни го почитуваат билатералниот меѓународен договор. И тука не треба никој да има никаква дилема. Јас сум бил сведок, кога многу од нашите меѓународни партнери ме убедувале, уште само името и завршена е работата. Но, гледаме дека не било само така, вели Христијан Мицкоски лидер на ВМРО ДПМНЕ. 

Шефот на дипломатијата, Османи, денеска изјави дека нема официјална нота од Атина за неупотреба на уставното име и кажа дека има континуирана комуникација меѓу двете министерства.