Во Драч пристигна амерканска опрема, најголема по втората светска војна
Foto

Во Драч пристигна амерканска опрема, најголема по втората светска војна

Последни подготовки во пресрет на големата воена вежба на НАТО Алијансата, армијата на САД и сојузничките сили. Во пристаништето во Драч пристигна воен брод од морнариицата на САД опремен со технологија која ќе бидел од вежбата „Defender-Europe 21“, една од најголемите воени вежби уште од втората светска војна..Наскоро во Албанија се очекува да пристигне и британски воен брод.

„Нашите војници со заедничка обука ќе ја зголемат меѓусебната активност, градењето оперативна подготвеност и зајакнување на односите. Сето тоа ни овозможува да одговориме на каква било криза, во кое било време, заедно со нашите сојузници и партнери.“ - изјавија од американската армија.

Во воените маневри ќе учествуваат 28.000 американски, сојузнички и партнерски сили од 27 нации за спроведување на истовремени операции во повеќе од 30 области за обука во 12 балтички и африкански земји на Црното Море и од Балканот.

„Албанија, како членка на НАТО од 2009 година, ќе ангажира илјада војници во овој историски настан, бидејќи тоа е најголемата вежба во Албанија и регионот.“ - изјави Нико Пелеши – министер за одбрана на Албанија.

Цел на акцијата, која ќе трае од 4-ти мај до 9-ти јуни е спречување на агресијата и градење оперативна подготвеност. Со вежбата, ќе раководи американската војска, а ќе учествуваат членки и партнери на НАТО, меѓу кои и од Македонија, Босна и Херцеговна, Хрватска, Турција, Косово.

0 Коментари

Остави коментари