Во делчевско привршува пописот на нерегистрирани одгледувалишата на домашни свињи
Foto

Во делчевско привршува пописот на нерегистрирани одгледувалишата на домашни свињи

Утре завршува пописот на свињите од зоната под надзор во радиус од 10 километри од одгледувалиштета каде се појави африканската свинска чума. Се очекува бројот да биде нешто поголем од првичните податоци.

Веднаш штом ќе заврши пописот ќе почнат и клиничките прегледи и тестирања на свињите, кои во рок од 24 до 48 часа треба да покажат дали има или не присуство на вирусот. Здравите свињи ќе завршат во кланица, оние  кај кои би се открила болеста ќе завршат во специјалната санитарна јама на делчевската депонија

„Досега во пијанечкиот регион не е регистриран нов сомнителен случај на африканска свинска чума. Освен делчевските села во оваа фаза се опфатени и четири населени места во Македонска Каменица и едно во Виница. Пописот тече без проблеми на терен„ вели Ванчо Новоселски, сектор за инспекциски наздор. 

Попис на бројот на свињите се прави во целата држава. Тоа е една од мерките што АХВ ги донесе за справување со ова екстремно заразно заболување. Се уште е на сила и забраната за лов на сите видови дивеч во источниот регион, вклучително и дивата свиња што се смета за главен преносител на болеста.

Токму забраната за нејзин отсрел предизвика наезда на диви свињи во кочанско и делчевско, а многу од нив се симнуваат и во селата во потрага по храна.  Пред една недела производителите на свинско месо побараа уништување на свињите во високо ризичните одгледувалишта и продолжување на мерката за отстрел на дивата свиња, како најголем преносител на вирусот на африканската  свинска чума.

0 Коментари

Остави коментари