Во Црна Гора стапува во сила забраната за пушење во затворен простор
Foto

Во Црна Гора стапува во сила забраната за пушење во затворен простор

Црногорскиот Закон за ограничување на употребата на тутунски производи, според кој ќе биде забрането пушењето во затворен простор, утре стапува во сила, а за прекршителите предвидена е казна и до 20.000 евра.

Законот со кој се забранува употреба на тутунски производи во јавни затворени простории, освен во казината, беше едногласно усвоен на 31 јули.

Со новиот закон не е дозволено пушење во која било просторија или дел каде се конзумира храна и пијалаци.

0 Коментари

Остави коментари