Во четврток состанок на заедничката историска комисија
Foto

Во четврток состанок на заедничката историска комисија

Во очекување на следниот состанок на македонско-бугарската историска комисија во четврток, експертите од двете страни се заглавени помеѓу 10 и 11 век, крајот на Првото бугарско кралство, времето на цар Самуил и неговите наследници.

Комисијата сеуште не успеала да разговара за заедничкото чествување на Гоце Делчев“. Претседателот на бугарскиот дел на комисијата Ангел Димитров вели дека според него земјава не ги исполнува критериумите за почеток на преговори со унијата, иако Бугарија сакала соседот да успее.

„За нив ова е лизгава патека, бидејќи нема историски докази да се зборува за постоење на македонскиот народ, македонската држава и Самуил да биде македонски цар, за да започнеме сериозна дискусија.“ - Ангел Димитров, Претседател на бугарскиот дел на историската комисија.

Претседавањето на Бугарија со ЕУ во 2018 година ја постави како важен приоритет интеграцијата на Западен Балкан во Унијата и е време посериозно да размислиме како да се врати довербата, вели известувачот за Македонија во европскиот парламент Илхан Ќучук од Форумот за Западен Балкан во Софија.

„Разговорот меѓу Бугарија и Република Северна Македонија мора да биде пријателски. Силно верувам дека Бугарија може да се докаже како регионален лидер со својот единствен етнички модел и искуство.“ - Илхан Ќучук, Известувач за Македонија во европскиот парламент.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски очекува Македонија да ги отпочне преговорите со Европската Унија.

Германскиот „Франкфуртер алгемајне цајтунг во својата анализа за македонско-бугарскиот спор вели дека ако Скопје ги исполнеше барањата на Софија, тогаш навистина ќе ја фалсификуваше историјата бидејќи Софија бара Скопје да признае дека македонскиот јазик е всушност само бугарски дијалект и дека македонската нација се развила од бугарската.

0 Коментари

Остави коментари