Во Бугарија продолжуваат со потрагата по пилотот на воениот авион што се урна вчера
Foto

Во Бугарија продолжуваат со потрагата по пилотот на воениот авион што се урна вчера

Втор ден продолжува потрагата по бугарскиот пилот кој со воен авион на бугарските ВВС се урна во Црно Море за време на воена вежба.

Пронајдени беа вчера остатоци од авионот, но засега нема трага од мајорот Валентин Теризев кој управувал со МиГ-29, јавија бугарските медиуми. Авионот исчезна од радарите при воена вежба крај Шабла околу 40-на мунити по полноќ во средата.

0 Коментари

Остави коментари