Во Бразил речиси 4.200 починати од Ковид-19 за едно деноноќие
Foto

Во Бразил речиси 4.200 починати од Ковид-19 за едно деноноќие

Епидемиолошката состојба во Бразил се влошува и за првпат од почетокот на пандемијата, бројот на смртни случаи надмина 4.000 за 24 часа.

Според Министерството за здравство, денеска се регистрирани најмалку 4.195 смртни случаи, со што вкупниот број на починати достигна речиси 337.000.

Во исто време бројот на новозаразени се зголеми за 86.979.

– Вирусот е како нуклеарен реактор што предизвика верижна реакција и излезе од контрола. Ова е биолошка Фукушима, изјави Мигел Никлелис, бразилски лекар и професор на Универзитетот Џук.

Здравствениот систем во Бразил, земја со 210 милиони жители, колабира или е пред колапс во многу области.

0 Коментари

Остави коментари