Во Босилово со пари од ЕУ се гради хидросистем за наводнување

Во рок од три години треба да биде готов системот за наводнување од брана Чаушица во општина Босилово кој ќе ја покрива територијата на селото Дрвош и Хамзали. 

Станува збор за хидросистем во рамките на проектот за изградба на мали нискотрошковни еколошки прифатливи системи за наводување што го финансира ЕУ.  Со истиот систем се очекува да се реши проблемот со наводнување на површините над каналот Турија а ќе го користат жителите на Дрвош и Хамзали.

Областа Чаушица се наоѓа на територијата на селото Дрвош и Хамзали, во општина Босилово. Изградбата на новиот систем за наводнување во овој регион ќе опфати наводнување на околу 85 хектари земјоделско земјиште над главниот канал Турија.

ЕУ освен изградбата на хидросистемот Чаушица во Босилово преку овој проект за мали нискотрошковни и еко хидросистеми финансира изградба на хидросистемите Славишко Поле во Ранковце и Колибари во Кичево а предвидена е изработка на проектна докуменцијата за изградба и на други 8 мали системи за наводнување во државата.