Никола Свенчев го фати светиот крст кој беше положен во осветените води на храмот „Св. Великомаченик Димитриј“ во Битола.
Триесетина битолчани се обидоа да дојдат до светиот крст кој во црковниот базен го положи митрополитот Петар, а Свенчев беше најсреќниот.
„Шести пат скокам по крстот, четирипати го имам фатено. Ова е господова волја, и затоа во моите раце е светиот крст“ изјави Свенчев кој на оваа манифестација учествува уште од 2011 година.
0 Коментари