Во БиХ пристигнува првиот контингент вакцини од ЕУ
Foto

Во БиХ пристигнува првиот контингент вакцини од ЕУ

На меѓународниот аеродром во Сараево денеска треба да пристигне првиот контингент вакцини против ковид-19 од механизмот „ЕУ4Хелт“, основан од Европска Унија.

Како дел од неговата посета на земјите од Западен Балкан, европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји денеска ќе ја посети и Босна и Херцеговина, јавија локалните медиуми.

Претседателот на Советот на министри на БиХ, Зоран Тегелтија, еврокомесарот  Вархеји и австрискиот федерален министер за европски и меѓународни работи Александар Шаленберг денеска на меѓународниот аеродром во Сараево ќе го предадат првиот контингент вакцини против коронавирус од ЕУ.

Како што претходно беше најавено во Виена, БиХ треба да добие 10.530 вакцини Фајзер во првиот контингент за набавки преку тој европски механизам.

0 Коментари

Остави коментари