Во „Барометарот“ на Транспаренси интернешнл Македонија за јули повеќе „матни“ од „бистри“ случаи

Во најновиот извештај на Транспаренски интернешнл Македонија случаите кои се поврзани со можна корупција во последниот месец  се поделени на два дела, „бистри и матни“.

Влезот на Обвинителството во Академијата на судии и јавни обвинители е класифициран како најматен случај каде судските власти истражуваат кривично дело – примање награда против законско влијание. Во извештајот на оваа невладина организација која редовно објавува истражувања поврзани со борбата против корупцијата може да се забележи дека под лупа се ставени и анкетните листови на пратениците, каде е констатирано дека неколумина не си ја завршиле домашната задача, односно не доставиле извештај каков движен и недвижен имаот поседуваат. 

„Не значи дали е поголема или помала корупцијата, можеби во одредејн период тоа значи дали се обзнанува, дали повеќе се гони корупцијата. Она што може да се види од извештајот е дека бројот  отприлика е ист како и претходно. Не може да кажеме дека имаме некое значително поместување во борбата против корупцијата сепак борбата против корупцијата е еден селожен  проблем кој бара еден поголем и поопширно дејствување со цел истата да се сузбие.“ - вели Благоја Пандовски претседател на Транспаренски интернешнл Македонија.

Таканаречените „бистри“ случаи во извештајот на Трансаренски се однесуваат на активности на истражителите во однос на несовесно работење и  злоупотреба на службена положба. Во последниот извештај на Европската комисија се констатира дека постои распространета корупција, без напредок во судството, прекумерна употреба на европското знаме и политичката поларизација.

Според Индексот на перцепција на корупцијата за ланската година, Македонија е рангирана на 76 место од 180 држави во светот.