Во Авганистан убиен еден од лидерите на Ал Каеда
Foto

Во Авганистан убиен еден од лидерите на Ал Каеда

Авганистанските безбедносни сили го убија Абу Мухсин ал-Масри, еден од водачите на Ал Каеда, кој се наоѓа на списокот на најбарани терористи на ФБИ, објави синоќа Дирекцијата за национална безбедност на Авганистан.

Ал-Масри е обвинет во САД за обезбедување материјална поддршка и ресурси за странска терористичка организација и за планирање убиство на американски граѓани.

Ал-Масри, втор во рангот на командата на Ал Каеда, е убиен во специјална операција во провинцијата Газни.

0 Коментари

Остави коментари