Во атарот на политичката битка доминираат нападите и контра обвинувањата за претседателските кандидати

Кој има а кој не суштинска понуда за граѓаните и кој е вистинскиот избор на кандидат за претседател. И денеска партиите ги вкрстија копјата околу своите претседателски кандидати откако од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека актуелниот шеф на државата Пендаровски кој повторно ќе ги трча изборите според најголемата опозициска партија како што велат немал понуда за која граѓаните би можеле да гласаат.

Од Кабинетот на Пендаровски пак и денеска возвратија.

„Со ваквата политичка комуникација ВМРО-ДПМНЕ нема да постигне ништо. Граѓаните добро знаат кој е претседателот Пендаровски, кој е постојано транспарентен, отворен и меѓу граѓаните. Доколу се сериозна политичка опција која има понуда за граѓаните, им препорачуваме да се фокусираат на тоа, отколку на малограѓанско политиканство“

Кандидатите и на двете најголеми партии на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Дафкова веќе најавија дека покрај поддршката која ја имаат од партиите и потписите на најмалку 30 пратеници сепак ќе собираат и граѓански потписи за да биле рамноправни со останатите кандидати кои на овој начин ја водат трката.

До сега потребните потписи ги собраа Бујар Османи, Максим Димитриевски , Арбен Тараварти а до крајот на денот се очекува во тоа друштво да влезе и професорката и кандидат на Левица Биљана Ванковска. Блиску до потребните потписи е и Стефчо Јакимовски од ГРОМ на кој му се потребни уште околу 2000 потписи. Останатите кандидати имаа се уште време тоа да го направат до 8 март кога воедно е и последниот рок за собирање на потписи за претседателските кандидати.