Во Арехолошкиот музеј отворена е долгонајвуванта и екслузивна изложба „100 години Требениште“
Вчерва во Арехолошкиот музеј отворена е долгонајвуванта и екслузивна изложба на повеќе од 400 артефакти и мистични откритија од некрополата во Требениште, заедно со златни маски кои се наоѓаат во музеите во Бугарија, Србија и во Северна Македонија. Изложбата која е резултат на иницијативата на трите институции од соседството, е органзирана во чест на 100-годишнината од откривањето на некрополата, а со новите технологии за реставрација и конзервација откриени се атрефакти кои првпат ќе бидат претставени на македонската јавност.
„Богатствотото во Требениште, древните гробници, скапиоцените наоди од златни маски, сандали, војничка опрема, до бронзени и стаклени садови, врвната уметност ги обедини националните институции од трите балкански земји.“ - изјави директор на Народниот Музеј од Белград Бојана Бориќ Брешковиќ Брешковиќ.
„За нас - луѓето кои ја составивме оваа изложба, претставува чест што имавме можност да го почувствуваме нештото кое било желба и кое го посакувале многу наши претходници, нешто кое многуте наши поколенија учени музејски работници од Софија, Белград и од Скопје. Можноста да ја реализираме оваа желба претставува огромначест, но, истовремено има и голема тежина.“ изјави директор на НАИМ при БАН Христо Попов.
Со македонските ископувања во Требеништа во 1972 од Заводот и Музеј од Охрид, биле откриени погребувања и од помладите хронолошки рамки на оваа некропола, а наодите кои се наоѓаат во Охрид исто така ќе бидат дел од изложбата. Меѓу нив е и златната маска најдена кај Горна Порта во 2011. По претставувањето во Скопје, изложбата ќе гостува и во Софија и во Белград, а потоа и во Европа. Интерес за изложбата има во Париз, Берлин, Виена и во Загреб.