Во Албанија денеска ден на национална жалост
Foto

Во Албанија денеска ден на национална жалост

Со одлука на албанската Влада, денешниот ден (10 мај) прогласен е ден на национална жалост во чест на каплар Зарифе Мухарем Хасанај, која го загуби животот во рамки на мисијата во Летонија.

Според оваа одлука, во сите државни институции знамињата ќе бидат спуштени на половина копје а во 12 часот низ целата земја ќе и се оддаде почит со едноминутно молчење.

Ковчегот со посмртните останки, кој од Летонја пристигна вчера, од 10 до 11,30 часот ќе биде зложен во Конгресната палата кога ќе и се оддаде почит на Хасанај, која Владата ја прогласи „Херој на татковината“.

Потоа во 12 часот ќе се одржи државна почест, а погребната церемонија ќе биде во 13 часот на гробиштата „Народни херои“ каде ќе биде вечното почивалиште на Хасанај.

Припадничката на албанската армија, Хасанај (27) го загуби жвотот во Летонија, како последица на здобиените повреди од експлозија на мина, додека Командантот на албанскиот контингент, мајор Клодиан Никола Тануши и наредникот Јулиан Џеват Капај беа тешко повредени. Мајорот Тануши се уште е во критична состојба.

Инцидентот се случи на 6 мај утрото кога албанските војници демонтирале мини, во рамки на мисијата на НАТО „Enhanced Forward Presence“.

Во ова мисија во Летонија албанските војници се две години.

0 Коментари

Остави коментари