Во АА лицитација со имиња: Лога во правда, Цана или Татеши во здравство?

Официјално Арбен Таравари во петок ќе го формира преговарачкиот тим, формално да ги почне преговорите со Димитар Ковачевски, неофицијално во Алисјанса за Албанците се лицитира за идните министри. 

Според информациите на ТВ 24 од висок партиски функционер во Алсијанса, речиси е извесно дека новиот генерален секретар Кренар Лога ќе биде новиот министер за правда. 

Во однос на министерството за здравство иако Ковачевски се уште не го удостоил Гаши со средба, во партијата на Таравари здравство се смета за нивен иден ресор, како најголеми фаворити се споменуваат инфектологот Фадил Цана и Беким Татеши од очната клиника. 

Во однос на третото министерско место животна средина или информатичко општество кандидатот ќе се знае кога ќе се знае и сигурно кој ресор ќе оди во рацете на Таравари.  

И додека во Алсјанса веќе се знаат и можните министри, за Алтернатива преговорите се уште се во делот на шпекулации. Министерот за здравство пак кој треба според барањата на Таравари да се откаже од својата фотелја денеска вели министерството не било негово за да го дава. 

И премиерот без конкретен одговор како ќе ја пегла ситуацијата со Гаши, но и со критики за Сали. Од Беса и денеска порака дека со влегувањето во Влада  Алијана ќе го спасува само Али Ахмети. Освен Алтернатива против влегувањето во Владата се огнените во ДУИ кои веќе се сретнаа со генералниот секретар на Алијанса, но нема информации за евентуална идна соработка.