Во 2023 правосудството на „ниски гранки“ па заигра американската црна листа - но дали е доволна?!
Како во претходните, така и во годинава што изминува, корупцијата беше детектирана како најголем проблем кој го кочи напредокот на државата. Политичкото влијание во институциите, неказнивоста и неспроведувањето на препораките и укажувањата на регулаторните тела се дел од причините за неефикасноста во борбата против корупцијата.
Но најмногу реакции во јавноста со сигурност предизвикаа измените во кривичниот законик...За експертската и поширока јавност најспорени беа измените кои се однесуваа на „злоупотреба на службената положба и овластувања“ (член 353) и „злосторничкото здружување“ (член 394), со чие усвојување се намалија пропишаните казни за двете кривични дела, се воведе горна граница на максималната казна и се овозможи порано застарување на делата. Владата во образложението наведе дека измените на членовите 353 и 394 од Кривичниот законик кои се однесуваат на злоупотребата на службената положба и овластување, се потребни затоа што станува збор за „реликти од казненото законодавство во поранешна Југославија“. Членот 394 го регулира ткн. „злосторничко здружување“ и со измените се предвидува максимална казна затвор до три години, место досега пропишаната максимална казна од 10 години. Поранешното СЈО водеше голем број постапки против поранешни функционери токму врз основа на овој член.
Нецели 24 часа -толку траеше комплетната процедура во законоДавниот дом. владата злоупотребувајќи го ЕУ знаметО, како што кажа и ЕУ, буквално преку ноќ ја донесе т.н тивка амнестија. Опозијата барем официјално жестоко се дпротистави, гласаше против, но остана во Собранислата сала.
„Се срамам што предавам право, не сум сонувала дека може за три саати да се донесе закон. Им се извинувам на граѓаните ако нешто повторувам од Комисијата (за европски прашања), ама пред еден час заврши, побрзи од ветар сте во одбраната на корупцијата и криминалот“, рече Гордана Силјановска Давкова.
Кривичниот законик има 422 кривични дела за кои ќе може да одговара секој што се огрешил пред законот, „па дури и ние“ тој што е добар правник сега ќе го отвори законот и ќе види дека постои злоупотреба на јавни повици, доделување на јавна набавка и самиот став 1 од членот 353 на никого нема да му го прости тоа што ќе ја злоуотреби службената положба, па дури и во јавна набавка...
Граѓанскиот сектор упати барања до шефот на државата да го искористи своето право и да стави вето на изгласаните измени но Пендаровски сепак реши да го потпише указот за прогласување на законот.
Немаше ниту еден месец откако Парламентот експресно ги усвои измените на кривичниот законик стана јасно дека единствено нешто што остана по смртта на СЈО, нивните предмети се пред умирање. Стана јасно дека деновите на предметот Таргет -Тврдина за масовното прислушување се одброени. По пет години и девет месеци правосудно натегање, од кои 9 месеци чување на предметот во фиока во скопска Апелација, последните клинци за запечатување дојдоа директно од политиката а сето тоа им одеше во прилог на обвинетите.
-Како и во другите два претходни случаи на прислушување и во овој, за жал, нема да имаме кривично-правна разрешница и повторно нема да има одговорност за незаконското прислушување во државата“.
И највисоката судска инстанца им порача на политичарите дека донесувањето на законски измени без транспарентен процес е спротивно на европските стандарди и јасно застана зад позициите на Европската комисија. Претседателката на Врховниот суд Беса Адеми праша зошто Врховниот суд е „заобиколен“ при донесувањето на спорните одредби од Кривичниот законик кои како што рече се донесени без да се слушне судската фела.
Коалицијата сите за правично судење која ги мониторира судењата од интерес на јавноста пресмета - застарување во 14 предмети со 80 обвинети. Меѓу предметите кои застаруваат се талир за фунансирањето на вмро дпмне, талир 2 за белиот дворец,трезор за набавката на софтвет за опремата за преслушување во убк,тарифа за набавка на софтверски систем за елем, дизајн за кинеските автобуси,топлик за сончев град, титаник за изборните измамитендери за изградбата на музејот на вмро, титаник 2 за изброни нерегуларности, траекторија за кинеските автопати, шпански скали, предмет за стевчо јакимовски
Обвинителите најавија дека ќе се обидат да спасат дел од случаите за кои нема апсолутна застареност со преквалификување на делото. Во меѓувреме, државата потроши милиони евра на истражни дејствија, судења, вештачења, превоз… Судии, поротници, полицајци, обвинители со години земаа плата да работат на овие случаи и на крај останаа без епилог. Иронично, со овие законски измени, на луѓето кои беа обвинети дека злоупотребиле милиони евра државни пари, сега државата ќе треба да им плаќа оштета. Злоупотребата на европското знаменце, особено при измените на Кривичниот законик ја чинеше власта еден од најнегативните и најкритични извештаи на Европската комисија. Таа многу прецизно ги опиша слабостите на земјава на патот кон ЕУ, корупцијата, судството, јавната администрација.
А додека измените на кривичниот законик се крчкаа и спроведоа на дело се редеа нови имиња на црната листа на САД. Политичари, бизнисмени сопруги, мајки на црната листа на САД со најава од амбасадорката Агелер дека ќе се проширува. Последен на оваа листа заврши поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев поради неговата вмешаност во значителна корупција.
Анѓушев, во соопштение до медиумите ги негираше сите сомневања изразени од Стејт департментот и ја обжали одлуката. Тој, исто така, посочи дека има фирми и во САД, и како што рече е американски даночен обврзник. Но пораката од САД е јасна: во изминатите 10 години во Македонија се случил процут на корупцијата!!!
Кочо Анѓушев е мој пријател и соработник кој исклучително го почитувам. Работеше чесно, одоговорно и посветено и беше еден од најспособните и најпосветени луѓе во мојот Кабинет, наведе поранешниот премиер Зоран Заев во писмото до медиумите, откако екс вицепремиерот заврши на американската црна листа. Кочо Анѓушев е мој пријател и соработник кој исклучително го почитувам.
Вака екс премиерот Зоран Заев во писмо до медиумите го бранеше неговиот некогашен близок соработник. Работел чесно, одоговорно и посветено, еден од најспособните и најпосветени луѓе во неговиот кабинет. Во меѓувреме Заев и обвинетиот екс-владин генерален секретар Драги Рашковски се најдоа во досието на црногорскиот бизнисмен Миодраг Давидовиќ викан Дака ставен на црната листа поради „неговите коруптивни активности кои помогнале во напорите на Русија да ја компромитира независноста на демократските институции и судството“ во Црна Гора, вклучително и руските напори да влијае врз изборни резултати во Црна Гора.
Вицепремиерката задолжена за добро владеење Славица Грковска рече дека се предложени измени во законот за рестриктивни мерки кои поминале на влада и освен санкциите од ЕУ И ОН, да бидат додадени и санкциите на САД....
Поранешниот вицепремиер Анѓушев е последниот висок функционер кој осамна на „црната листа“ на САД, покрај него оваа листа поради корупција, годинава ја отвори струшкиоѕт градоначалник Рамиз Мерко заедно со неговата сопруга Шпреса и трите нивни деца. Тие добија забрана за влез во Америка, бидејќи Стејт департментот наведе дека има силни докази дека Мерко бил вмешан во голема корупција, присвојувал пари и се мешал во судски и други јавни процеси, нанесувајќи штета на демократските процеси во земјава. Мерко кој се уште со трет мандат е актуелен градоналаник на Струга и покрај многуте обвинувања за корупција кон него за ниту едно не добил судска завршница. На американската листа се нљјде место и бизнисмените Орце Камчев и неговата мајка Ратка Камчева и Сергеј Самсоненко со сопругата. Покрај Камчев и брачниот пар Самсоненко, на „црната листа“ завршија и пет фирми од Македонија кои се поврзуваат со нив.Од април 2022 година на списоктот се и поранешниот премиер Никола Груевски и неговиот прв братучет и поранешен шеф на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков. Тие се непожелни за американските власти поради корупција и поткопување на владеењето на правото и демократските институции. Друштво им прават и поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошковски и лидерот на ДПА, Мендух Тачи.