Внимателно со реформите за пензиите
Внимателно со реформата на зголемување на старосната граница за пензионирање. Експертите предупредуваат дека пред да се прифати вакво нешто, мора да се отвори поширока дебата.
Според нив, клучен предизвик е одржливоста на пензискиот систем. Дел од нив предлагаат зголемување на уделот во задолжителниот фонд или вклучување во доброволниот, односно третиот столб кој треба да ја покрие разликата меѓу последната плата и првите пензиски примања.
Пензиската реформа во Македонија почна пред две децении. Иако болниот период е зад нас, експертите велат дека процесот мора да продолжи, бидејќи нема алтернатива. Зголемувањето на старосната граница за пензионирање е прашање што отвора повеќе дилеми, од здравствената состојба на населението, преку демографските трендови, до економската моќ на земјата.
Дополнителен проблем е што разликата меѓу последните плати и првите пензиски примања е голема, а токму таа треба да се покрива преку третиот столб, кој претставува пензиски надоместок. На денешната дебата по повод 20 години од почетокот на пензиската реформа, регулаторот ги уверува граѓаните дека парите кои ги уплаќаат во втгориот и третиот столб се заштитени.
Додека бројот на пензионери расте, а активното население се намалува, стручњаците предупредуваат дека дебатата за тоа колку да издвојуваме, колку долго да работиме и како да заштедиме дополнително, станува неизбежна.

